РК Прилеп се засили со грузискиот голман Цинцадзе

Ракометниот клуб Прилеп се засили на голманската позиција, ангажирајќи го Грузиецот Зураб Цинцадѕе.

Цинцадзе е стандарден репрезентативец на Грузија, за која има запишано 77 настапи. Во Прилеп доаѓа од екипата на Сту-Имеди, Грузија.

„Цинцадзе ќе претставува големо засилување за нашиот клуб кој предводен од Кузманоски амбициозно влегува во новата сезона од Супер-лигата. Цинцадѕе е второто засулување на Прилеп за престојната сезона во Супер-лигата“ – информираа од РК Прилеп.

Се вчитува...