РК Пролет: Браќата Георгиевски три години не ни суделе, а сега се делегирани во Бутел

Раководството на РК Пролет е изненадено од одлуката на Комесарот за натпреварување при РФМ, кој за утрешниот натпревар со Бутел за судии ги избрал браќата Георгиевски. Скопскиот суперлигаш потсетува дека овие арбитри три години не суделе натпревар на овој клуб, откако на последниот меч на кои тие ја делеле правдата, во ноември 2015 година против Охрид, а арбитражата на Георгиевски предизвика бурни реакции од Пролет.

„Комесарот за натпреварување при РФМ за судии на овој натпревар ги избра браќата Дејан и Димитар Георгиевски, арбитри кои повеќе од три години немаат судено натпревар на Тинекс Пролет. Последен пат тие ја делеа правдата на наш меч на дуелот со Охрид во ноември 2015 година, кој го одбележаа бројни инциденти и по кој на наше клупско барање потоа не беа делегирани на натпреварите на Пролет се до утрешниот меч. Се надеваме дека судењето утре ке биде на неопходното ниво за еден плеј-оф натпревар, како што доликува на елитното друштво од ракометниот спорт во Македонија“ – порачуваат од РК Пролет преку својата официјална веб-страница.

Натпреварот меѓу Бутел и Пролет на програмата е утре со почеток во 18.30 часот.

Се вчитува...