Македонскиот претставник во Лигата на Европа, РК Пролет ќе биде носител во првото квалификациско коло од ова натпреварување. Пролет е на 23 позиција на ранкингот што значи дека ќе биде носител и во второто коло доколку ја помине првата пречка.
Првите мечеви ќе се играат на 29/30 август, додека реваншите се закажани за недела подоцна. Покрај Пролет дел од Лигата на Европа ќе биде и вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер кој обезбеди учество во групната фаза. Претходно од РК Металург објавија дека годинава се повлекуваат од европските натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА