Робен даде евро-гол, Баерн останува 100% (видео)

Баерн Минхен останува со стопроцентен ефект сезонава во Бундес-лигата откако баварскиот гигант попладнево славеше на дуелот со Баер Леверкузен со 3-1, благодарение на евро-голот што во првото полувреме го постигна Арјен Робен. Гостите први поведоа на „Алијанц арена“ со пеналот на Вендел, но тоа беше само знак за будење на актуелниот првак, кој потоа ја презеде контролата и преку Толисо и Робен уште во првите 45 минути направи резултатски пресврт. Конечните 3-1 во 89. минута ги постави Хамес Родригез.

Проблем за тренерот Ковач сигурно претставуваат повредите на Толисо и на Рафиња, кој со лекарска помош мораа да го напуштат теренот и сега ќе мораат да отсуствуваат извесно време од терените.

Најинтересниот натпревар се одигра во Волфсбург, каде домашната екипа по двете стартни победи денеска ремизираше 2-2 против Херта. Гостите први поведоа, но кога Мали погоди од пенал во 87. минута за 1-1 се чинеше дека тоа ќе биде и крај на возбудувањата. Кулминацијата беше достигнала во судиското продолжение, најпрвин Дуда ја доведе Херта во водство во 91. минута, за Волфсбург преку Мехмеди во 93. минута да избегне пораз.

Првата победа сезонава ја забележа Лајпциг, триумфирајќи со 3-2 над Хановер, благодарение на головите на Поулсен и на Вернер (два).

Резултати Германија:

Баерн М. – Баер Л. 3-1, Фортуна Д. – Хофенхајм 2-1, Мајнц – Аугсбург 2-1, Волфсбург – Херта 2-2, Лајпциг – Хановер 3-2.

Се вчитува...