Робен: Не се надевам на пласман на СП во Русија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Холандија, Арјен Робен, не се надева дека „лалињата“ ќе можат да остварат пласман на Светското првенство во Русија. Холанѓаните синоќа ја победија Белорусија на гости со 1-3, и се наоѓа на третото место во групата А. За пласман во баражот во последното коло во Амстердам во вторник, на Холандија и е потребна победа со седум гола разлика против Шведска.

„Искрено, не се надевам дека можеме да се пласираме на мундијалот. Но, нема да се предадеме, бидете сигурни во тоа. За жал, таков е спортот, некогаш се радуваш, а некогаш немаш доволно успех. Ние не можевме да ја победиме Естонија со 8-0, а тешко дека можеме да ја победиме и Шведска со 7-0“, изјави Арјен Робен за холандските медиуми.

Шведска „набилда“ одлична гол – разлика со триумфот од 8-0 против Луксембург.

Холандија играше во финалето на СП 2010, а четири години подоцна во Бразил го освои третото место. Сега е речиси сигурно дека ќе го пропушти Светското првенство во Русија.

Се вчитува...