Робен: Рано ми е за пензија, и да заминам од Баерн – ќе продолжам да играм

Холандскиот интернационалец Арјен Робен (34) се уште не размислува да стави крај на фудбалската кариера. Тој најверојатно ќе ја напушти „Алијанц арена“ на крајот од сезоната, но тоа нема да значи и дефинитивно збогување со активната кариера.

„И доколку заминам од Баерн Минхен, ќе продолжам да играм. Тоа нема да значи и крај на мојата активна кариера“, вели Арјен Робен.

Баерн Минхен оваа сезона игра далеку под очекувањата и по 11 кола се наоѓа дури на петтата позиција на табелата во Бундес-лигата, со седум бода заостанување зад лидерот Борусија Дортмунд. Холанѓанецот вели дека од сегашна гледна точка, тој и неговите соиграчи не треба да зборуваат за титулата.

„Сега не ни е дозволено да зборуваме за шампионската титула, затоа што едноставно не сме доволно добри“, дополни Холанѓанецот.

Се вчитува...