Роберт Митев ново засилување на ФК Охрид

Роберт Митев е ново засилување на ФК Охрид Лихнидос, денеска потврдија од таборот на македонскиот второлигаш. Митев во Охрид доаѓа како слободен фудбалер, откако во октомври минатата година го раскина договорот со прволигашот Беласица.

Митев потекнува од младинските категории на најтрофејниот македонски клуб Вардар, а во кариерата настапуваше и за Тиквеш, Велазерими, Еуромилк и Љубанци.

Роберт Митев е нов фудбалер на Охрид!
.
.
.
#напредохрид

Posted by ГФК Охрид Лихнидос on Monday, February 15, 2021

 

Се вчитува...