Роберто Карлос се наоѓа во стабилна здравствена состојба, објави поранешниот бразилски репрезентативец на својот инстаграм профил, притоа демантирајќи ги информациите што се појавија доцна синоќа дека имал срцев поради што морал итно да биде пренесен во болница.
Легендарниот лев бек истакна и благодарност до медицинскиот тим што се грижи за неговото здравје…
„Сакам да разјаснам информација што цирклулира во јавноста. Неодамна врз мене беше извршен хируршки зафат што беше однапред планиран. Зафатот беше успешен, јас сум во болница и се опоравувам, но немав срцев удар како што се пиќуваше во јавноста. Се чувствувам се подобро од ден на ден, со нетрепние чекам да се вратам во топ-ритам за да можам да ги исполнувам моите лични и професионални обврски. Од срце сум им благодарен на сите оние кои се грижат за мене во клиниката“, објави 52-годишниот Карлос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

