Роберто Карлос се сликаше во Скопје, но во Бразил го чека затвор

Роберто Карлос пред петнаесетина дена пристигна во Скопје како дел од телевизискиот канал на Реал Мадрид и беше една од главните атракции за време на отворениот тренинг на „кралскиот клуб“.

Сепак, поранешниот лев бек на бразилската репрезентација се соочува со огромни проблеми во татковината откако беше обелоденето дека тој веќе е осуден на три месеци затвор. Станува збор за судски случај против него поради неплаќање на алиментација, на кој Карлос воопшто не се појавил, па во негово отсуство била донесена и пресудата за затворска казна.

Адвокатите на ексфудбалерот тврделе дека тој се соочува со финансиски проблеми и понудил сумата што ја должи (собрана од неплаќање) да ја враќа на рати, што било одбиено од страна на мајката на детето. Откако Карлос не ги уплатил парите, ниту пак се појавил на рочиштето, била донесена пресуда тој да мине три месеци зад решетки.

Роберто Карлос неодамна доби нов син со својата сегашна сопруга Маријана Лукон, што е вкупно деветто дете на поранешниот фудбалер.

Се вчитува...