И за Роберто Мартинез ова беше „последниот танц“ со португалската репрезентација, заедно со Кристијано Роналдо.
Искусниот стручњак седна на клупата на Португалија во 2023 година, откако претходно долго време ја предводеше белгиската репрезентација. За време на својот ангажман, Мартинез ја освои Лигата на нации во 2025 година, но покрај тоа, постигна резултати со кои може да се гордее.
На 45 натпревари на чело на Португалија, тој забележа 32 победи, шест пати одигра нерешено и претрпе само седум порази. Стапката на успешност од 71 отсто е највисока досега за еден селектор на португалската репрезентација.
„Вистина е дека ова е мојот последен натпревар. Им благодарам на Португалците, ова ќе биде спомен за цел живот. Играчите беа одлични, покажаа голем талент и посветеност кон тимот. Ќе ги паметам освоената Лига на нации, соборените рекорди… Благодарност до Федерацијата и до тренерите, кои напорно работеа за да им помогнат на играчите“, изјави Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
