Роберто Мартинез: Лукаку мора да си оди од Манчестер Јунајтед

Ромелу Лукаку мора да го напушти Манчестер Јунајтед вели селкторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез. Лукаку во Јунајтед дојде во 2017 година за 75 милиони фунти од Евртон и постигна 42 гола на 96 натпревари. Но, Маркус Рашфорд е прв избор на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Многу е важно. Лукаку да го најде вистинскиоит клуб. Ќе биде добро и за двете страни. Јасно е дека мора да го напушти Манчестер Јуанјтед“ – вели Мартиенз кој му беше тренер на Лукаку во Евертон, а сега се заедно и во националниот тим.

Лукаку се поврзува со трансфер во Интер. Неговиот договор со Јунајтед истекува во 2022 година.

 

 

 

 

Се вчитува...