Робертсон: Ливерпул се уште не ја заслужил титулата во ЛШ

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон истакнува дека неговиот тим може да влезе во замка, доколку помисли дека го заслужува трофејот во Лигата на шампионите, само затоа што за бод им побегна титулата во Премиер-лигата.

„Слушнав дека луѓето велат дека заслужуваме да ја освоиме Лигата на шампионите. Јас не мислам така. Многу говореа дека ја заслужуваме и Премиер-лигата, но на крај не ја освоивме. Ако одиграме добро ќе заслужиме да го добиеме финалето, бидејќи навистина е глупо поради одличната сезона да заслужуваме да победиме и во финалето“, вели Робертсон. 

„Црвените“ имаа шанса да го освојат трофејот во домашното првенство по пауза од 30 години, но ниту 97 бода не им беа доволни за тоа. По вторпат во две години тие ќе играат во финалето во Лигата на шампионите, а овојпат за противник го имаат Тотенхем. Мечот е закажан за 1. јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Се вчитува...