Робертсон раскажа како изгледа Клоп кога ќе се напие

Левиот бек на Ливерпул Ендрју Робертсон говореше за својот однос со тренерот Јирген Клоп, за кого смета дека е неверојатен човек.

„Ако е можно, бидете што повеќе Клоп. Тој секогаш вика: Што и да правиш, давај сто отсто од себе. Кога играш, играј со сто отсто, кога се забавуваш, забавувај се со сто отсто. Кога ќе се забавуваш биди Клоп трипати или четири пати. Едноставно тој е уште похаризматичен кога ќе се напие. На една божиќна забава ми кажа „денеска беше е**но добар. Тоа е Клоп“, изјави Робертсон. 

Робертсон под водство на Јирген Клоп успеа да ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, а годинава пред прекинот на Премиер-лигата „црвените“ имаа огромна предност на првенствената табела и се на чекор до освојување на трофејот по пауза од 30 години .

Се вчитува...