Роби Севиџ на 45 години му се враќа на фудбалот

Поранешниот велшки репрезентативец Роби Севиџ ја прекинува пензијата и ќе му се врати на активното играње фудбал. Тој објави дека потпишал договор со аматерскиот клуб Стокпорт кој се натпреварува во десеттата лига во Англија. Севиџ се повлече пред осум години. Последниот натпревар го одигра против Рединг во 2011 година.

„Одлична можност за младите фудбалери да играат покрај легенда како мене. Ова не е шега. По осум години се враќам“ – изјави Севиџ во радио емисија.

Роби Севиџ има 623 професионални настапи во кариерата низ која беше дел од Лестер, Дерби, Бирмингам и од Блекбурн. За репрезентацијата на Велс играше во периодот од 1995 до 2004 година.

Севиџ низ кариерата беше обележан како еден од највалканите играчи во Премиер-лигата. Ваквата „титула“ ја доби според рекордниот број на жолти картони. Досега сепак оваа бројка на картони е надмината.

Се вчитува...