Роџерс го откачи Арсенал и потпиша нов договор со Лестер

Брендан Роџерс ги отстрани сите дилеми околу својата иднина откако денеска потпиша нов договор како менаџер на Лестер, со важност до 2025 година. Арсенал по смената на Унаи Емери го „пикираше“ токму Роџерс за наследник на Шпанецот, но поранешниот стратег на Ливерпул јасно стави до знаење дека нема намера среде сезона да го напушти кормилото на „лисиците“.

„Кога решив да дојдам во Лестер, тоа беше поради фактот дека клубот се движеше во вистинска насока и сакав да бидам дел од целиот проект. Дојдов за да помогнам, да изградиме нешто за во иднина, па затоа воопшто не размислував за заминување. Со овој нов договор само го потврдив својот став, сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот, но и на навивачите за прекрасниот однос кон мене и стручниот штаб од првиот ден кога пристигнавме во Лестер“ – изјави Роџерс.

„Лисиците“ триумфираа на 17 од 26-те натпревари под водство на овој стратег. Лестер е најпријатно изненадување сезонава во Премиер-лигата, моментно се наоѓа на второто место на табелата, со осум бода заостанување зад Ливерпул.

Се вчитува...