Морган Роџерс доцна синоќа и официјално беше промовиран во Челси, со што доскорешниот играч на Астон Вила стана најскап англиски фудбалер во историјата.
Тој долго време беше поврзуван со Арсенал, но ситуацијата се промени откако Челси се вклучи во трката и понуди рекордни 117 милиони фунти, па Роџерс на вчерашната промоција ги пецна „топчиите“, опишувајќи го својот нов клуб како најголем лондонски тим.
„Возбуден сум и апсолутно пресреќен. За мене, Челси е најголемиот клуб во Лондон, како дете се воодушевував на успесите на „сините“, а сега ќе имам можност и самиот да испишам историја со овој тим, со новиот тренер. Верувам дека Челси се движи во вистинска насока, има квалитет и на клупата и на теренот и ќе го покажеме тоа“, изјави Роџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
