Роџерс се налути: Не ме прашувајте за Манчестер Јунајтед, тој клуб си има тренер…

Брендан Роџерс ги отфрли шпекулациите дека е подготвен да го напушти Лестер за да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед, јасно ставајќи до знаење дека негова желба е да остане на чело на „лисиците“.

Екс-стратегот на Ливерпул важи за главен фаворит за наследник на Оле Гунар Солскјер во британската јавност, но Роџерс јавно ја отфрли можноста за преселба на „Олд Трафорд“.

„Не ми се допаѓаат тие медиумски пишувања. Не ме прашувајте за Манчестер Јунајтед, тој клуб си има тренер, и тоа човек што секогаш бил коректен кон сите и не заслужува таков третман. Нема никаква вистина во тоа што се пишува во изминатиот период, јас сум апсолутно посветен на Лестер и на сето она што го градиме во овој клуб. Чест ми е да сум дел од проектот што газдата го прави за да го продолжи наследството од својот татко и не размислувам на ништо друго“, дециден беше Брендан Роџерс.

Се вчитува...