Родри е херојот на Манчестер Сити – потег кој долго ќе се памети (ВИДЕО)

Ливепул и Манчестер Сити ни прередија фатастичен натпревар во седмото коло од Премиерлигата кој заврши со резултат 2-2, со четири прекрасни гола постигнати во второто полувреме. Прв стрелаше Мане, изедначи Фоден, ново водство за „црвените“ донесе Салах, а конечниот резултат го постави Де Брујне.

Ливерпул имаше шанса да дојде и до ново водство при самиот финиш на натпреварот кога при нафрлувањето во шестнаесетникот топката среќно заврши на нозете на Фабињо. Стоперот беше сам на четири метра од празниот гол, но следеше фантастична реакција на Родри кој во вистински момент постави нога и го промени правецот на топката со што спречи и трет гол за домаќинот.

Се вчитува...