Фудбалерот на Барселона, Родри, се најде во центарот на вниманието поради видео во кое соиграчот Пау Кубарси ги коментираат играчите на Валенсија за време на нивниот меѓусебен дуел. Но, наместо да ја игнорира ситуацијата, фудбалерот на Барселона решил лично да се извини.
Барселона убедливо ја совлада Валенсија со 5:0 на „Местаља“, но по натпреварот резултатот падна во втор план поради видео кое предизвика реакции во јавноста.
На снимката Родри и неговиот соиграч Пау Кубарси разговараат за играта на противникот, при што можат да се слушнат остри коментари за фудбалерите на Валенсија.
„Слаби се, навистина се слаби. Во второто полувреме не ја поминаа ни половината“, се слуша во видеото, со дополнителен коментар дека тимот на Валенсија бил „тотален ужас“.
Снимката предизвика критики, бидејќи дел од јавноста сметаше дека ваквите зборови покажуваат непочитување кон противникот.
Сепак, Родри не сакал целата приказна да заврши на критики и осуди. Наместо да се огласи преку клубот или да испрати порака преку посредници, тој лично контактирал неколку фудбалери на Валенсија и им се извинил.
„Родри денеска им се извини на играчите на Валенсија. Не го направи тоа преку Барселона или преку посредник, туку лично. Тоа се вика чест“, објави новинарот Начо Санчис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
