Родри мора на операција, сите преговори прекинати!

Родри беше стартер на сите осум натпревари на Шпанија на СП 2026, предводејќи ја „црвената фурија“ до светската титула, по што повторно се интензивираа гласините дека извонредниот плејмејкер е високо на листата со желби на Реал Мадрид.

Сепак, се е ставено „на чекање“ откако Манчестер Сити вчера потврди дека Родри ќе мора да замине на операција за да биде санирана повредата на грбот што веќе подолго време го мачеше шпанскиот интернационалец. Овој хируршки зафат беше планиран уште пред почетокот на мундијалот во консултација меѓу фудбалерот и лекарскиот тим на Сити и ќе биде извршен во наредните денови, но се уште е неизвесно колку ќе изнесува паузата на Родри по операцијата.

Јасно е дека тој ќе го пропушти стартот на новата сезона,  е неизвесно е дали ќе може да му се стави на располагање на новиот тренер Мареска до почетокот на репрезентативната пауза закажан за средината на месец септември.

Во Сити се загрижени поради здравствената состојба на капитенот, кој стартуваше на само 17 од вкупно 38-те средби во Премиер-лигата ланската сезона. Токму поради тоа, челниците на англискито гигант ги прекинаа преговорите за нов договор се додека не стане појасно колку ќе изнесува најновата пауза на Родри. Од иста причина стопирани се и претоворите со Реал Мадрид, бидејќи „кралевите“ не би сакале да платат богатство за играч што потоа би бил подолг период „во аут“, особено ако тој играч е достапен без отштета наредното лето.

Се вчитува...