Родри си оди од Атлетико, неговата замена доаѓа од Реал Мадрид

Родри донесе одлука за заминување од Атлетико Мадрид и за истата веќе ги известил челниците на овој клуб. Манчестер Сити и Баерн Минхен искажаа подготвеност да платат по 80 милиони евра и да ја активираат клаузулата во договорот на Родри со Атлетико, па се чекаше само на желбата на фудбалерот, кој го има конечниот збор дали ќе остане, или пак ќе си замине од „Ванда Метрополитано“.

Родри на крајот реши да ги промени клупските бои, и тоа само една година по трансферот од Вилјареал, а Атлетико одлично ќе заработи на него со оглед на фактот дека пред 12 месеци плати само 20 милиони евра.

Диего Симеоне очекуваше ваква разврска, па веќе е избран и наследникот на Родри во дресот на „јорганџиите“. Станува збор за Маркос Љоренте, младиот играч за врска на Реал Мадрид кој се наоѓа на трансфер-листата на „кралскиот клуб“. Атлетико ги договори личните услови за петгодишна соработка со фудбалерот, a подготви и понуда од 40 милиони евра што ќе биде испратена до градскиот ривал. Реал го има проценето Љоренте на 50 милиони евра, но се очекува мадридските клубови да најдат заеднички јазик и овој трансфер да се реализира до крајот на месецот.

Се вчитува...