Родриго со два гола за значајна победа на „кралевите“ против Билбао (ВИДЕО)

Реал Мадрид веќе сосема јасно сериозно чекори кон трофејот во Ла Лига по победата над Атлетик Билбао од 2-0 во 30. коло од шампионатот.

Сосема заслужен триумф на „кралевите“ до кој ги однесе Родриго со двата погодоци.

Бразилскиот напаѓач најпрво стрелаше уште во 8. минута од средбата, по асистенција на Диаз.

А, вториот гол го постигна во 73. минута на асистенција на Џуд Белингам.

Реал Мадрид и натаму ја чува предноста од осум бода на врвот од табелата, во однос на второпласираната Барселона.

Се вчитува...