Рој Кин ги избра најдобрите играчи во историјата на Премиер-лигата?!

Легендарниот фудбалер Рој Кин реши да ги обелодени најдобрите тројца играчи кои некогаш заиграле во англискиот фудбал. Екс-капитенот на Манчестер Јунајтед го усложни прашањето кое му беше поставено.

Иако од него беше побарано да ги избере тројцата најдобри играчи во историјата на фудбалот, тој првично се задржа на играчи од Премиер лигата.

„На памет секогаш ми доаѓа прв Роналдо, но исто така, барав други играчи од Премиер-лигата. Покрај Роналдо, во топ три се Вејн Руни и Тиери Анри. Од денешна перспектива ќе кажам дека во оваа тројка се Де Брујне, Халанд и Роналдо. Де Брујне е убедливо најдобар во средниот ред, од коло во коло го докажува тоа. Фантастичен играч. Халанд направи нешто неверојатно откако дојде, тој е нов во Англија, но најави дека ќе доминира со години. Исто така, мора да му се даде признание и на Роналдо кој изминатиов викенд стигна до 700-от гол во клупската кариера, неверојатно достигнување“, заврши Кин.

Се вчитува...