Рој Кин: Роналдо е голем проблем за Јунајтед, давањето голови секој викенд не е добро!

Последниот гол кој Манчестер Јунајтед го постигнал, а стрелецот да не се викал Роналдо беше Фред во ремито против Лестер (1-1) во рамки од 31. коло во Премиер лигата, пред точно еден месец (2. април).

После тој натпревар Манчестер Јунајтед беше поразен со 1-0 од Евертон, славеа против Норвич со 3-2 со хет-трик на Роналдо, Ливерпул ги прегази со 4-0, на „Емирати“ исто така беа поразени со 3-1 со гол на Роналдо и пред четири дена ремизираа против Челзи (1-1), голот повторно беше дело на Роналдо.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин често се огласува и ги коментира случувањата во својот поранешен тим, а не е реткост и да критикува. На ироничен начин тоа го направи и со Кристијано сега.

„Ронадло е навистина голем проблем за Манчестер Јунајтед, од викенд во викенд ги спасува со своите голови, а тоа знае да биде штетно за соблекувалната“, изјави Кин.

Се вчитува...