Ројс со одлука која ги шокираше навивачите на Борусија Д.

Долгодишниот капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс донесе одлука која делуваше шокантно по навивачите на „милионерите“. Тој истакна дека нема повеќе да биде капитен на тимот, и дека таа улога ја препушта на некој друг фудбалер, притоа не објаснувајќи ги причините за ваквиот потег.

Ројс е дел од Борусија Дортмунд веќе 11 години, а минатата сезона за малку пропушти за првпат да го крене шампионскиот трофеј во Бундеслигата. Тој потекнува од школата на „милионерите“, а играше и за Борусија Менхенгладбах. Иако неколку пати имаше понуди од големите клубови, меѓу кои и Баерн Минхен, Ројс на крајот се реши да остане лојален кон својот матичен клуб.

„За мојата одлука ги информирав и челниците на клубот и тренерот Терзиќ кои ја прифатија без двоумење. Благодарам за поддршката во сите овие години, и му посакувам на новиот капитен уште поуспешни резултати“, рече Ројс во обраќањето.

Најсериозен кандидат да ја преземе капитенската лента е голманот Грегор Кобел, а во комбинација се уште и Емре Џан и Јулијан Бранд.

Се вчитува...