Ролан Гарос го објави распоредот за преостанатите мечеви на турнирот. Секако, најголемо внимание привлекува дерби дуелот закажан за утре, „финале пред полуфиналето“ кое ќе го играат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Двајцата великани ќе ја бркаат 22. односно 21. титула на Грен слем турнирите.
Организаторите одредија овој двобој да започне некаде во 20.45 часот, значи во последниот термин. Сепак, пред нив ќе играат и други двојки, па не е исклучено мечот да го гледаме доцна во ноќта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА