Ролан Гарос: Шок за Шаповалов, Медведев без проблеми во второ коло

Данскиот тенисер Холгер Руне, го направи денеска најпријатното изненадување на Ролан Гарос во Париз, откако го елиминираше 15-тиот тенисер во Светот, Денис Шаповалов од Канада после три сета.

Руне кој е 40 играч на светот, победи после два часа и две минути во сетови 6:3, 6:1 и 7:6. Руне пет пати му зема сет на негов сервис, а Шаповалов направи само еден брејк.

Руне во второто коло ќе игра против победникот од дуелот Мартинез – Лаксонен.

Рускиот тенисер Данил Медведев, немаше проблеми на стартот на Ролан Гарос, и во првото коло го совлада Факундо Банјис од Аргентина со 6:2, 6:2, 6:2.

Се вчитува...