Германскиот тенисер Александер Зверев, се пласираше во 1/4 финалето на Ролан Гарос откако со проблеми го совлада Шпанецот Запата-Миралес. Иако беше 3-0 во сетови, сепак, Зверев имаше проблем во првиот и во вториот сет, додека во третиот веќе фати залет и го доби во своја корист.
Во првиот сет Германецот мораше да го „крши“ противникот преку тај-брејк (13-11), додека вториот го доби 7-5. Третиот го доби најубедливо со 6-3, и така обезбеди 1/4 финале. Таму го чека подобриот од дуелот Хачанов – Алкараз.
Во женскиот дел од турнирот, во 1/4 финалето се пласираа Тревизан, Фернандез и Гауф. Претходно во машкиот дел, Ѓоковиќ го совлада Шварцман со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА