Рома е во нокаут во Калчо-лигата

Рома веќе четврти натпревар во серија не знае за победа во Калчо-лигата, драстично намалувајќи си ги шансите во битката за највисок пласман. „Волчицата“ попладнево гостуваше во Болоња на тимот што во првите четири кола немаше постигнато ниту еден единствен гол, но „болоњезите“ одиграа квалитетен меч и го изненадија фаворитот со триумф од 2-0. Матиело и Сантандер беа стрелци на головите за домашниот тим, продолжувајќи ја мизеријата на римјаните кои веќе четири кола не знаат за победа во домашното првенство.

Горан Пандев поради повреда не настапи за Џенова на гостувањето против Лацио, на кое неговиот поранешен клуб славеше со убедливи 4-1. Каиседо и Имобиле за само дваесетина минути го решија прашањето на победникот, а на Џенова не и помогна ниту новиот гол на Пиатек, бидејќи во вториот дел Милинковиќ – Савиќ и Имобиле само ја потврдија победата на римскиот клуб.

Резултати Италија:

Болоња – Рома 2-0, Киево – Удинезе 0-2, Лацио – Џенова 4-1.

Се вчитува...