Рома фаќа залет – совладан и Торино

Рома влезе во нова победничка серија откако славеше со 1-0 над Торино во 14. коло од италијанското првенство. До победа „волчицата“ ја предводеше Тами Абрахам кој ја затресе мрежата во 32. минута од мечот.

Со осмата победа Рома го задржа петото место на табелата зад Наполи, Милан, Интер и Атланта со 25 освоени бода. Во следното коло избраниците на Жозе Мурињо ги очекува дуел со Болоња.

Се вчитува...