Рома го нуди Ченгиз Ундер и 15 милиони евра за Иличиќ

Словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ имаше фантастична сезона во дресот на Аталанта, блескаше и во Лигата на шампионите и во Серија А, привлекувајќи го вниманието на големите клубови од „чизмата“. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, има голема желба да го доведе Иличиќ на „Олимпико“ и подготви понуда за Аталанта.

Рома е подготвена да го испрати турскиот интернационалец Ченгиз Ундер во Бергамо и дополнителни 15 милиони евра за да го доведе одличниот играч за врска на Аталанта. Иличиќ е желба на „волчицата“ уште од периодот кога на кормилото беше Езуебио Ди Франческо, но досега не успеа да го реализира планот. Аталанта нема намера лесно да се откаже од Јосип Иличиќ и го продолжи неговиот договор до јуни 2022 година.

 

 

Се вчитува...