Рома и Мурињо се враќаат на победите во Серија А, „волчицата“ рутински ја реши Специја

Со натпреварот меѓу Рома и Специја вечерва беше заокружено 17-то коло во Серија А, а „волчицата“ со рутинска победа од 2-0 на домашен терен запиша нови три бода со кои остана во борбата за пласман меѓу најдобрата петорка во Италија.

Крис Смолинг го отвори натпреварот уште во 6. минута, па на овој начин ја најави победата за тимот од Рим. Во второто полувреме Рома ја завери победата преку Роџер Ибанез во 56. минута.

По ваквиот исход Рома има 28 поени и се наоѓа на седмата позиција во Серија А.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...