Рома има алтернатива и ако не дојде Игуаин на „Олимпико“

Италијанскиот калчолигаш Рома очајно бара нов напаѓач откако стана јасно дека босанскиот интернационалец Един Џеко ќе го напушти „Олимпико“. Тој е на чекор до трансфер во Интер, а раководството на „волчицата“ се обидува да го замени со Гонзало Игуаин, кој од Јувентус би дошол како позајмен играч. Но, Аргентинецот најави дека не е заинтересиран за нова позајмица, па Рома мора да размислува и за друга алтернатива.

Тренерот Фонсека и спортскиот директор Петраки решението го гледаат во Висам Бен Једер, напаѓачот на шпанскиот прволигаш Севилја. Тој беше во преговори за трансфер на „Олд Трафорд“, но очигледно дека Оле Гунар Солскјер ги промени приоритетите. Тоа би можела да го искористи Рома и да го доведе Бен Једер во Серија А.

Се вчитува...