Рома ја доби битката за Бонавентура

Фудбалерот  за врска на Милан, Џакомо Бонавентура, ќе биде ново засилување на Рома, откриваат медиумите на Апенините. На крајот на јуни тој ќе биде слободен агент и ќе стави потпис на договор со „волчицата“. Разговорот со тренерот Пауло Фонсека бил клучен за Бонавентура да се одлучи да и пристапи на Рома. Тој добил уверување од Фонсека дека ќе биде еден од адутите на Рома следната сезона.

За Бонавентура постоеше интерес и од Аталанта и Торино, а Микел Артета се обиде да го убеди да се пресели во Премиер – лигата и да го облече дресот на Арсенал. Сепак, Рома излезе како победник во битката за Бонавентура.

Тој од 2014 година е член на Милан, за „росонерите“ одигра 171 натпревар и постигна 35 гола.

Се вчитува...