Рома одлучи – Дојде време за прекинување на соработката со Един Џеко

Един Џеко веројатно нема да го носи дресот на Рома следната сезона. Управата на римскиот тим одлучила да не ја продолжи соработката со Џеко до крајот на договорот и ќе се обиде да се договори со него да ја прекине соработката по крајот на оваа сезона, една година пред истекување на договорот.

Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, спортскиот директор на клубот Тијаго Пинто веќе бара нов напаѓач кој заедно со Борха Мајорал ќе го предводи нападот на Рома следната сезона, а едно име се истакнува.

Тоа е напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. 27-годишникот е подготвен за нов чекор во кариерата, има одлични понуди на маса, а наводно за него Рома е дестинацијата што ја посакува. Покрај римскиот клуб, интерес за услугите на италијанскиот репрезентативец покажуваат и Милан, Атлетико, Челси, Евертон и Лион, но „Вучицата“ има предност и постојат големи шанси Белоти да го замени Џеко во дресот со број девет.

Легендарниот напаѓач на БиХ е во Рома од 2015 година. Тој играше навистина феноменален фудбал во дресот на овој тим и стана еден од најдобрите напаѓачи што некогаш играле на Олимпико. Вкупно, Џеко одигра 251 натпревар за Рома и постигна 116 голови, и е трет стрелец на клубот, зад Франческо Тоти (307) и Роберт Пруцо (138).

Се вчитува...