Рома поведе, а потоа ја снема од теренот во Бергамо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома доживеаја неочекувано висок пораз од 4-1 на гостувањето против Аталанта во Бергамо во 13. коло од Серија А.

Неочекувано висок, ако се знае дека „волчицата“ по првото полувреме имаше предност од 0-1 по погодокот на Един Џеко уште во 3. минута.

 

А, потоа вистински „потоп“ во вториот дел. Рома ја снема од теренот, а Аталанта со головите на Запата во 59. минута, Госенс во 70. минута, Муриел во 72. минута и Иличиќ во 85. минта дојде до конечната победа.

Се вчитува...