Рома убедлива против Торино… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома ја запишаа и седмата победа сезонава во Серија А, триумфирајќи во 12. коло со 3-1 против Торино.

Мкхитарјан во 27. минута ја доведе „волчицата“ до водство, а веќе во 43. минута со голот на Верету беше и 2-0.

 

Во второто полувреме, Пелегрини во 68. минута зголеми на 3-0, а гостите го ублажија поразот со голот на Белоти во 73. минута.

Се вчитува...