Романецот Гуидеа го освои престижниот трофеј на 41-от „Македонски бисер“

Романецот Иван Гуидеа го освои престижниот трофеј на 41-то издание на „Македонски бисер“ кој викендов се одржа во Штип.

Во конкуренција на 40 борачи од 11 земји, Романците ги понесоа најголемиот број одликувања. Најдобар македонски борач е Елмедин Сејфулаху, а за најдобар странец беше прогласен Павел Вербел од Белорусија.

Гуидеа, кој е инаку бронзен од ЕП 2016, а заврши на 11. место на ЛОИ во Рио де Жанеиро, сосема заслужено го понесе епитетот најдобар.

Од македонската репрезентација ниту еден борач не успеа да стигне до златниот медал, но сребрени одликувањата освоија Елмадин Сејфулаху, Ријад Реџепи, Фати Весели, а со бронза се закитија Бесмир Вејсели, Теодор Темелковски и Минер Реџепи.

Посебни признанија на манифестацијата, за допринос во развојот на македонското борење добија претседателот на МОК, Васил Тупуровски, кој заедно со Бетим Вранези го отворија првенството.

priznanie za Tupurkovski

А, признанија добија и легендите на македонското борење, Шабан Сејдиу и Зоран Шоров, како и судијата од Штип, Сане Арсов.

priznanija na biser

Се вчитува...