Ракометарките на Романија го приредија најголемото изненадување од почетокот на главната рунда од ЕП 2024 откако попладнево го зедоа скалпот на фаворизираната Шведска, славејќи заслужено со 25-23. Романките влегоа без шанси за полуфинале, но по одличните 50 минути вчера против Франција денеска повторно одиграа квалитетен меч, стигнувајќи до огромна победа над Швеѓанките, кои со овој пораз ги загубија сите шанси за пласман во полуфиналето.
Романија почна да доминира од самиот старт на мечот, поведувајќи со 3-6, нешто подоцна и со 4-10. Оваа репрезентација имаше и водство од 6-12, но Шведска го заврши полувремето со два гола во низа и негатива од 12-8. Очекувано, скандинавската селекција не се предаде, успеа да се врати во дуелот и да влезе во неизвесен финиш. Сепак, Романија на голот во последните минути ја имаше извонредната Келемен, која одбрани три зицери на противничките и овозможи нејзината репрезентација на крајот да се радува на победата.
Бјанка Базалиу одигра извонреден натпревар постигнувајќи осум гола од девет обиди, шест погодоци за Романија постигна Остасе, додека Ема Линквист со пет гола беше најефикасна во таборот на Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА