„Романтичарите“ на зимски распуст до 5.јануари

Тимот на македонскиот прволигаш Работнички од денеска заминува на заслужен зимски одмор до 5.јануари, објави клубот на својот официјален сајт. Тренерот Горан Станковски ги распушти фудбалерите, откако вчера ја одработија и последната првенствена обврска за 2017 година, играјќи го одложениот меч против Вардар, кој го загубија со 1-0. По 18 одиграни кола, Работнички ќе презими на петтата позиција на табелата во Првата лига со 23 освоени бода.

„Фудбалерите заминуваат на заслужен одмор. Првата прозивка по зимската пауза е закажана за 5.јануари, кога активностите ќе почнат со задолжителните лекарски прегледи, по што ќе биде означен и старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната“, изјави шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за веб страницата на ФК Работнички.

Се вчитува...