„Романтичарите“ се забавуваа на последниот тренинг пред Тре Пене (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Работнички го одработија официјалниот тренинг на новиот стадион на ФФМ во рамките на спортскиот центар „Петар Милошевски“ на кој утре од 17:30 часот го играат реванш дуелот од 1. квалификациско коло против Тре Пене од Сан Марино.

Очигледно во максимално позитивно расположение одработуваа „романтичарите“ под налог на Виктор Треневски на комплексот на ФФМ кој утре ќе биде за првпат домаќин на еден клупски меѓународен натпревар од Лигата на Европа.

Македонскиот тим е повеќе од фаворит во пресметката со Тре Пене, очекувајќи со нова победа да го дополни оној триумф од 0-1 на гостувањето во Сан Марино на првиот натпревар пред седум дена.

[new_royalslider id=”707″]

Се вчитува...