Ромбел: Го почитувам Металург, никој не поминал лесно во Скопје

Мотор Запорожје ја има фаворитската улога во денешниот дуел со Металург во рамките на 9.коло во Лигата на шампионите, со веќе обезбедено второ место во групата Д и пласман во разигрувањето за следната рунда од ЛШ. Но, во украинскиот тим имаат максимален респект за противникот кој како што истакнува тренерот Патрик Рембле, успеа да им земе бод во првиот дуел на домашен терен.

Металург е млада екипа. Во последните натпревари изгубија со мала разлика. На Металург гледам со големо почитување. Не може да се каже дека лесно ќе ги победиме зато што ги загубиле последните три натпревари по ред. Секој што играл во Скопје, имал проблем. Нема да биде лесно ни за нас, но мора да се обидеме да победиме. И покрај тоа што речиси сигурно сме втори во групата, сакаме да го добиеме секој натпревар, да ги исправиме грешките и да одиграме што е можно подобро“ – вели Патрик Рембле.

Тренерот на Мотор Запорожје потенцира дека фокусот на украинскиот тим е ставен посебно на одбраната која како што вели, ја подготвил добро за играта на Металург „7 на 6“.

„Сакам нашата одбрана да биде активна и да го присили противникот на грешки. Ако играме активно ќе знаеме како да го примениме тој притисок, а противникот тогаш ќе губи топки. Исто така потребна ни е најбрза можна транзиција од одбрана во напад. И не само брза туку и добро координирана. На првиот натпрева главен проблем беа нашите грешки, по што Металург постигнуваше лесни голови од контра. Мора да го намалиме бројот на грешки и на загубени топки во нападот и да бидеме подготвени во одбранта. Два дена поминавме вежбајќи само одбрана 6 против 7 и мислам дека сме подготвени за тоа“ – истакнува Рембле во пресрет на денешниот втор дуел со Металург во Скопје.

Се вчитува...