Ромелу Лукаку ја реши Астон Вила (ВИДЕО)

Челси стигна до рутински триумф над Астон Вила од 3-0 во натпревар од 4. коло во англиската Премиер-лига. Ромелу Лукаку во 15. минута донесе водство за „сините“ од Лондон, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Матео Ковачиќ во 49. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Лукаку со својот втор гол во 94. минута.

Со овој триумф Челси се израмни на врвот на табелата со Манчестер јунајтед со 10 освоени бода, додека Астон Вила останува 12. со четири бода.

 

 

Се вчитува...