Роналдињо: Ова е годината во која Милан ќе го освои скудетото

Возбудувањата во Калчо-лигата продолжуваат со денешните натпревари на Апенинскиот полуостров, а битката за скудетото одамна не била толку интересна, во неа учествуваат дури три тима, Милан, Наполи и Интер. Шампионот Интер се најде во криза во текот на минатиот месец, по што Милан успеа да се искачи на врвот на табелата, па избраниците на тренерот Пиоли сигурно чекорат кон скудетото.

Поранешниот ас на Милан, Роналдињо, во изјава за „Газета дело спорт“ прогнозира дека е дојдено време овој клуб повторно да се радува на шампионскиот трофеј.

„Скудетото? Мислам дека ова е годината во која Милан ќе ги израдува своите навивачи. Кога јас играв за овој тим, имаше толку многу врвни фудбалери. Она што сега е поразлично е што во овој Милан преовладува концептот на колектив, во кој сите ја знаат својата улога во екипата. Овој тим на Милан е беспрекорен тактички гледано, затоа верувам дека на крајот ќе се радува на титулата“, истакна Роналдињо.

„Росонерите“ моментно се првопласирани со 66 бода, пред Наполи со 63, додека Интер има 60 бода и меч помалку (гостувањето во Болоња закажано за крајот на месец април). Оваа предност би можела да се зголеми викендов со оглед на фактот дека Милан ја пречекува Болоња, додека ривалите имаат тешки гостувања, Наполи игра во Бергамо против Аталанта, додека Интер му гостува на Јувентус.

Се вчитува...