Ниту големиот Роналдињо не може да поверува што направи Македонија…

Легендарниот бразилски фудбалер и еден од најдобрите играчи што некогаш се појавиле на зелениот терен, Роналдињо, по една недела од големата сензација во Палермо кога Македонија ја победи Италија даде свој коментар за исходот од овој меч. Италија остана без настап на Мундијалот токму поради Македонија, а Роналдињо посочи дека тоа било големо разочарување за него.

Репрезентативниот фудбал во Италија влезе во криза, а дека тоа е така потврди и фудбалерот кој своевремено играше на Апенинскиот полуостров за тимот на Милан.

„Македонија приреди сензационално изненадување, тоа што Италија остана без Светското првенство е навистина поразително за целиот турнир. За оние кои го сакаат фудбалот како мене, и за шоуто на Мундијалот, вистинска штета е што ќе ги нема „аѕурите“. Жалам за тоа, никогаш не ни замислував дека ќе видам уште едно Светско првенство без Италија“, потенцираше Роналдињо.

Се вчитува...