Роналдо бесен како рис – само го одмина Тен Хаг, не ги поздрави ниту навивачите (видео)

Кристијано Роналдо отсекогаш бил лош губитник, но Португалецот денеска против Брентфорд беше сведок на можеби најлошото полувреме на еден негов тим, откако Јунајтед за 45 минути игра се најде во негатива од 4-0.

Роналдо, кој упорно бара да му биде дозволен трансфер, но не добива зелено светло за такво нешто, беше бесен по натпреварот, заминувајќи кон соблекувалната крај Тен Хаг, воопшто не поздравувајќи се со својот тренер.

Помошниот тренер Стив Мекларен побара од Роналдо да ги поздрави навивачите, но Португалецот не го стори ниту тоа, дополнително подгорувајќи ги страстите со надеж дека ќе „избоксува“ заминување од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...