Роналдо: Дојде време…., навивачите заслужуваат многу повеќе!

По катастрофалниот пораз од Ливерпул, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека навивачите на „црвените ѓаволи“ заслужуваат многу повеќе.

Тимот на Јирген Клоп славеше на „Олд Трафорд“ со 5-0 и уште повеќе ја продлабочи кризата во Јунајтед.

„Понекогаш резултатот не е она за што се бориме. Понекогаш резултатот не е она што го сакаме. И ова зависи од нас, само од нас, бидејќи никој друг не е виновен. Нашите навивачи повторно беа неверојатни, цело време не поддржуваа. Тие заслужуваат подобро од ова, многу подобро, а ние мораме да го направиме тоа за нив. Дојде време“, изјави Роналдо.

Јунајтед во последните четири кола освои само еден бод и со 14 бода е на седмото место со Евертон, Лестер и Арсенал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Се вчитува...