Кристијано Роналдо е најзвучното засилување сезонава во Премиер-лигата откако се врати во дресот на „црвените-ѓаволи“. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од Манчестер. На претставувањето ја имаше и првата изјава по доаѓањето на „Олд трафорд“ каде вели дека овој клуб секогаш имал посебно место во неговото срце.
„Манчестер јунајтед е клуб кој секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ме совладаа емоции по сите пораки кои ги добив по моето доаѓање минатиот петок. Не можам да дочекам да играм на „Олд трафорд“ пред полн стадион и повторно да ги видам фановите. Се радувам на придружувањето на тимот по интернационалната пауза и се надевам дека пред нас е многу успешна сезона“, изјави Роналдо.
Роналдо своето деби во вториот мандат во дресот на Јунајтед се очекува да го има по репрезентативната пауза на мечот против Њукасл кој ќе се игра на „Олд трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА