Роналдо е избран за најдобар играч за месец септември во Премиер лигата (ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е избран за најдобар играч за месец септември во Премиер лигата. За ѕвездата на Португалија ова е петто признание што го добива во својата богата фудбалска кариера.

По само еден месец откако дојде во Манчестер, Кристијано Роналдо продолжи со нижење на наградите и рекордите, претходно тој беше избран и за најдобар играч на месец септември на Јунајтед од страна на фановите на клубот.

Португалската суперзвезда, која повторно потпиша за „црвените ѓаволи“ на последниот ден од август, го започна месецот со своето големо враќање на „Олд Трафорд“, постигнувајќи два гола при враќањето на „Театарот на соништата“ во победаата од 4-1 против Њукасл Јунајтед.

На гости кај Вест Хем Јунајтед следниот викенд Португалецот постигна клучно израмнување, откако Манчестер Јунајтед освои три бода по драматичната завршница, која вклучуваше гол од Лингард и пенал одбранет од Давид Де Хеа.

Помеѓу тие натпревари, Кристијано постигна гол и при враќањето на европската сцена, против Јанг Бојс во Берн. Тој го заврши месецот на типичен начин за него, постигнувајќи победнички гол во 95-та минута со што Манчестер Јунајтед го победи Виљареал со 2-1.

За да ја освои наградата за играч на месецот септември, Роналдо ја победи конкуренцијата од Манчестер Сити, а негов сонародник Жоао Кансело, дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, напаѓачот на Њукасл, Алан Сен-Максимин, крилото на Ватфорд, Исмаила Сар и Мохамед Салах од Ливерпул.

 

 

 

Се вчитува...