Роналдо е „кралот“, а Реал и натаму е на врвот на светот

Реал Мадрид ја осбрани титулата на Светското клупско првенство што се одржува во Абу Даби, откако во финалето го совлада бразилскиот тим Гремио со 1-0. Тоа е трета титула за „кралевите“ во ова натпреварување во последните четири години.

Кристијано Роналдо беше човекот на одлука во големото финале. Тој успеа да го совлада противничкиот голман во 53.минута, со одлично изведен слободен удар. Неговиот шут го проби живиот ѕид и заврши во мрежата на Гремио. Роналдо стана првиот фудбалер кој успеал да постигне гол во две последователни финалиња на клупскиот мундијал.

Се вчитува...